Музичар претепан до смрт во Ниш зашто не сакал да исполни музичка желба

А.С. (35) од Ниш е уапсен затоа што го претепал 68-годишниот музичар Ферат А., кој го загубил животот од тешките повреди.

Како што е потврдено, трагедијата се случила на 3-ти мај, откако осомничениот и жртвата ја поминале вечерта заедно во кафеана во Ниш, пишува Новости.

-Ферат свирејќи на хармоника цела вечер го забавуваше А.С. Свиреше и пееше за него, а тој ги плаќаше и песните што ги нарача. Заедно пиеле и се дружеле за во еден момент Ферат да објави дека му е доста и дека повеќе не може да пее. Околу полноќ заедно излегле од кафулето, кога насилникот, како што се сомнева, збеснал што Ферат го одбил. А.С. брутално го претепал овој несреќен човек. Случаен минувач околу 3:30 часот го забележал неговото тело и ја известил Брзата помош. Мажот во бессознание бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што набргу починал, велат извори запознаени со случајот, пренесуваат српските медиуми.

На напаѓачот ќе му се суди, па може да добие казна од две до 12 години затвор.

19.05.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега