На „Богородица“ и „Табановце“ се чека до половина час

 

 

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека по околу 15 минути до половина час.

Како што соопшти АМСМ, фреквенцијата на возила е зголемена.

Чекањето на „Богородица“ е за излез од државата, а на „Табановце“ и за влез и за излез од земјава.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

26.06.2023 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега