На македонската актерка ѝ се слошило среде снимање - итно била оперирана

 

Македонската актерка, која стана популарна и во Турција по улогата во серијата „Сулејман величествениот“ неодамна била оперирана од тумор на мозокот. 72-годишната Ајрула, операцијата ја направила Нова година, во Скопје, а веста за „Репортер“ ја потврди министерот за здравство Венко Филипче и семејството на Ајрула.

„Сабина е добра, се опоравува од операцијата, а и добро ѝ оди за сега. Се движи сама и по малку шета“, изјави за Репортер, Филиче.

Актерката за болеста дознала за време на снимањето на серијата „Мафијата не го контролира светот“, во која ја има главната улога и која е една од најпопуларните во момнетов во Турција, а ја снима шестата сезона.

Додека снимале ѝ се слошило, изгубила свест и ја однеле во болница. По испитувањето таа дознала дека има тумор на мозокот. Од Турција дошла во Скопје каде ѝ биле направени дополнителни испитувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега