Најмалку 30 загинати во земјотресот во Јапонија

Повеќе од 80 земјотреси ја погодија островската држава Јапонија, додека најсилниот беше измерен со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Локалните медиуми известија за најмалку триесет жртви во земјотресот што предизвика бранови од цунами и оштети голем дел од патишта во земјата.

Од силината на потресот се урнаа и поголем број згради на западниот брег на главниот јапонски остров Хоншу.

Иако Јапонија го отфрли предупредувањето за цунами од највисоко ниво, сепак им порача на жителите на крајбрежните области да не се враќаат во своите домови бидејќи сè уште може да дојдат смртоносни бранови.

Повеќе од 36.000 луѓе останаа без струја во префектурата Ишикава, а повеќе од 30 згради се урнаа во градот Ваџима.

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека Соединетите Американски Држави се подготвени да и ја пружат сета потребна помош на Јапонија.

Тој истакна дека како блиски сојузници, САД и Јапонија споделуваат длабока, пријателска врска што ги обединува двата народи.

02.01.2024 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега