Милениумскиот крст на Водно оди на ремонт

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈСП-Скопје, Мишо Николов денеска присуствуваа на официјалниот почеток на градежните работи за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски изјави дека станува збор за проект со кој ќе се зголемат содржините, а со тоа и атрактивноста на Милениумскиот крст за неговите посетители.

- Овој проект опфаќа градежни работи со што ќе се добие целосна антикорозивна заштита на челичната конструкција на Милениумскиот крст, демонтажа на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, поставување електрични инсталации, опрема и агрегат, изградба на фекална канализација и санитарни јазли, како и регулирање на водоснабдувањето до Милениумскиот крст и изградба на водоводна мрежа. Милениумскиот крст е еден од најважните објекти на Водно и сметаме дека досега граѓаните не можеа да ги искористат сите придобивки. Со реализацијата на проектот за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст овој простор ќе биде целосно уреден и ќе понуди различни содржини за одмор и за рекреација на посетителите, рече градоначалникот Трајановски.

Министерот за транспорт и врски Јанакиески изјави дека реализацијата на овој проект е резултат на одличната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Град Скопје. Тој ги спомна и неколкуте проекти кои Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија ги имаат реализирано на планинава Водно, а како најважен за идниот период ја посочи изградбата на втората делница од Жичарата на Водно, од Средно Водно до Скопје, која треба да биде готова до 2018 година.

На терен на реконструкцијата и адаптацијата на Милениумскиот крстќе работат екипите на градежната компанија „Турбо инженеринг“, за реализацијата на овој проект ќе бидатвложени околу 70 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за 9 месеци.

Додека траат градежните работи за реконструкција на Милениумскиот крст просторот околу крстот ќе се огради, а жичницата до врвот на Водно ќе работи непречено.

28.06.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега