Од идната недела веб платформа за цените и побарувачката на земјоделските производи

Преку веб платформата за овошје и зеленчук што ќе профункционира идната недела, достапани ќе бидат цените, понудата и побарувачката на земјоделските производи - домат, пиперка, краставица, тиква, зелка, компир, јаболко, модра слива, праска, вишна и цреша.

Платформата беше промовирана денеска во Велес на средба на фокус групите за овошје и зеленчук. Ја организираа Федерацијата на фармери (ФФРМ), консултантската куќа „Епицентар“ и Швајцарската програма за промоција на извозот и увозот на земјоделски производи.

Како што беше речено, информации ќе се собираат од осум канцеларии на ФФРМ.

- Веб платфотмата треба да помогне во собирање информации од земјоделците за цените, побарувачката и понудата што ќе биде од големо значење за Федерацијата на фармери и за Владата во креирањето стретегии за развој на земјоделството, истакна потпретседателот на ФФРМ Љупчо Станковски.

Според Љубомир Димовски од „Епицентар“, идејата е, преку поставување платформа која ќе изврши мониторинг на откупната цена на земјоделските производи, да се помогне во воспоставувањето дијалог за понудата и побарувачката.

- Платформата ќе и помогне на ФФМ за собирање и на информации за разни проблеми на земјоделството, потенцира Димовски.

Денешната средба беше дел од проектот „Б2Б Форум-Работиме заедно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зеленчук“.

09.07.2014 - 16:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега