Поевтино млеко во Македонија - „Дукат“ ги намалува цените

 

Млеката на Дукат во текот на месец јуни ќе се продаваат по пониска цена.

Трајните млека на Дукат со 2,8% и 0,5% млечна маст, информираат од компанијата, ќе се продаваат по промотивна препорачана цена од 45 денари за литар, со што намалувањето на малопродажната цена надминува 10 проценти

- За оваа одлука за намалување на цената имаме двоен повод. Првиот е Светскиот ден на млекото, а вториот е исклучително високата оценка од меѓународните авторитети за тестирање на вкусот и квалитетот на омиленото трајно млеко на потрошувачите ширум регионот и во Македонија. Ваквиот огромен успех на Дукат заслужува да биде споделен со нашите потрошувачи, изјави Благоја Слабев, генералeн директор на Дукат во Македонија.

 

 

најчитано сега