Лоша вест за денеска

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа и со грмежи. Попладне и во вечерните часови, под влијание на нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со град и засилување на ветерот, особено во источните подрачја.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 23 до 33 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 18 и дневна до 31 степен.

Во Охридско-преспанскиот регион утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во Дојранско утринската температура ќе се изнесува 22, а дневната 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Нестабилното време во попладневните часови ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

27.07.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега