Спасов ги посети дечињата кои бесплатно летуваат во Струга

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посети децата, кои ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и корисници на посебен додаток во Детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга.

- За позитивноста на проектот говорат и родителите, бидејќи сите што немаат доволно средства да ги испратат своите дечиња на одмор преку овој проект им го овозможуваме тоа. Станува збор за проект со кој се опфатени околу 2.000 деца од семејствата од социјален ризик и примателите на социјална парична помош, деца со пречки во развој и деца без родители и родителска грижа, изјави Спасов по посетата и ручекот со летувалците.

Директорот на „Мајски цвет“ Јован Паскоски информира дека за време на одморот децата имаат посебна програма за забава и рекреација, посети на театар, а се дружат и со писатели за деца.

- На плажа има професори кои ги учат да пливаат деца што незнаат. Покрај летувањето ќе имаат можност да научат да пливаат, истакна Паскоски.

Министерот Спасов беше придружуван од пејачот Влатко Лозаноски, кој нагласи дека секогаш е присутен за хумани цели.

Преку владиниот проект за одмор и рекреација на деца од социјално ранливи категории што почна да се реализира од 2012 година опфатени се околу 6.000 дечиња. Ова лето ќе бидат опфатени околу 2.000 дечиња, а проектот ќе продолжи и во зимскиот период. Ова лето во „Мајски цвет“ пресојуваа 680, а планирани се уште пет смени со 1.070 деца. 

27.07.2014 - 14:50
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега