Велес и помага на Маја Керова Бабунска

 

Вчера во Велес се одржа хуманитарен концерт на класична музика во изведба на Камелија Дукова, Кристијан Зефиќ, Дејана Цветановска и Стојанчо Баковски, а средствата кои се собраа организаторите ги наменија за помош на нивната сограѓанка Маја Керова Бабунска.

Керова е сопруга и мајка на две ќерки, која од јуни 2010 година се бори со ракот на дојка. И по хируршкиот зафат и стандардната терапија, ракот метастазира на карлицата и коските на десната нога и бележи промени во белите дробови и црниот дроб. Заради оваа дијагноза на Керова итно и е потребно лекување на клиника во Хјустон, а трошоците за лекување изнесуваат од 60 до 180.000 американски долари. 

најчитано сега