Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Регионаниот центар за управување со кризи на град Скопје информира дека утре, вторник, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Ѓорче Петров, Сарај и Шуто Оризари.

Односно од 08.30 до 14.30 часот без струја ќе биде улицата „Хо-Ши-Мин“ во општина Бутел. Од 09.00 до 13.00 часот  бес струја ќе останат и ул. „Ѓурчин Кокале“, дел од ул. „Радушка“ и дел од ул. „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија од 09.00 до 15.00 часот ќе бидат ул. „Димче Мечето“ и ул. „Волт Дизн“ во  општина Шуто Оризари.  А од  09.00 до 15.00 часот струја ќе нема и во с.Грчец во општината Сарај, односно на улицте  1, 2, 3 ,4 и 5.

01.09.2014 - 14:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега