Во Битола одбележан Денот на независноста

Општина Битола со низа манифестации организирани во предвечерието, и во текот на денешниот ден, свечено го одбележа државниот празник 8-ми Септември.

Делегации на општина Битола предводена од градоначалникот Владимир Талески, претставници на општествено политичкиот и јавниот живот на градот, како и претставници на граѓанскиот и бизнис секторот положија цвеќе пред споменикот на народнослободителната и антифашистичка војна во централното градско подрачје и испратија јавни пораки во чест на големиот државен празник.

- 8. Септември е симбол на сплотување на сите идеи и сите напори на сите генерации. Овој 8-ми Септември кој што многумина го нарекуваат и нов Илинден значи обединување на сите концепти во еден за независна суверена  Република Македонија. Уверен сум дека и нашата, денешната генерација ќе знае оваа голема придобивка максимално да се искористи за вклучување на Македонија во сите европски и светски процеси, во економска и политичка смисла со што ќе оставиме убав влог за идните генерации, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.

08.09.2014 - 13:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега