Проверете дали утре ќе останете без струја

Корисниците од село Визбегово, објектите на Еуробулс, Кватра, Хисар туризам, Блив, Алман,  како и дел од корисниците од населбата Топанско Поле, улицата „Босна и Херцеговина“, Момин Поток и објектите на Европа 92, Синтек, Колид Анета, Медика, ИГМ Вратница, Астека, Евротехна и Циглана во општина Бутел утре од 6:30 до 7:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.  

Од 8:30 до 14:30 без струја ќе бидат и корисниците од улиците  „Хо Ши Мин, „Краишка“ и „Натанаил Кучевишки“ во општина Бутел, а од 9 до 15 часот  корисниците од улицата „1“ во село Мирковци, улиците „Прашка“ од бр.42 до 52 и „Букурешка“ од бр.73 и нејзината околина во општина Карпош,како и  подулиците „1“, „2“, „3“, „4“ и „5“ во село Грчец.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на  ЕВН Македонија АД.

09.09.2014 - 15:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега