Полиција ја “стресе“ БиХ, се апсат министри криминалци

Силна полициска акција ја “тресе“ денес Босна и Херцегоцина.

Од јавното обвинителство на БиХ соопштиле дека во неколку градови во земјата се спроведува акција со назив „Месо“ и истакнуваат дека станува збор за една од најголемите акции во борбата против организираниот криминал и повеќемилионските даночни затајувања, пренесува Индекс.

 

Како што дознава порталот Аваз, меѓу уапсените се федералниот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство Јерко Иванковиќ Лијановиќ, како и неговиот брат. Новинарите на Аваз контактирале со Младен Иванковиќ Лијановиќ, претседател на партијата Работа за подобрување, кој им потврдил дека неговиот брат е уапсен, но им кажал и дека него тукушто го апсат: „Еве и мене СИПА во моментов ме приведува“, по што се прекинала телефонската врска. Порталот Кликс дознава дека биле уапсени пет члена на семејството Иванковиќ Лијановиќ.

 

Со превземените истражни дејствија е утврдено дека осомничените со незаконски дела стекнале противправна имотна корист  од повеќе од 6 милиони евра.

10.09.2014 - 12:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега