„Падна“ познат директор на јавно претпријатие во Охрид - им одбивал од плата на вработените

Полицијата во Охрид поднесе кривична пријава против В.Ц.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од септември 2012 до април 2013 година, пријавениот во својство на одговорно лице-директор на ЈП„Нискоградба“-Охрид, искористувајќи ја својата службена положба, свесно извршил пречекорување на границите на службените овластувања и спротивно на законски, правен или друг основ им наложил на одговорните во финансиско-сметководствениот сектор на ова претпријатие, средствата кои на деведесет и осум вработени по разни основи им се задржувале од плати во вкупен износ од 260.374 денари, да не се уплатат за предвидените намени туку  противправно да се присвојат во корист на „Нискоградба“ и  со нив да се плаќаат обврските  према приватната фирма „КА инжинеринг“ДООЕЛ Охрид. На овој начин, со противправното присвојување на наведените 260.374 денари од закинати плати на деведесет и осум работници и без нивна согласност, ЈП„Нискоградба“  стекнало противправна имотна корист, а  работниците од „Нискоградба“ претрпеле штета од ненавремено исплаќање на обврските кои ги имале создадено по разни правни основи.

11.09.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега