Скопјанец добивал заканувачки пораки и му барале 80 000 евра, ноќта му го запалиле автомобилот

Ноќеска во 01.15 часот во СВР Скопје, 33 – годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра. 

Подоцна во 00.40 часот на 21.06.2024 негов сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа. Пожарот бил изгаснат,а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

21.06.2024 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега