ФОТО: Ова се тројцата монструми кои брутално силуваа малолетничка

Бојан Паунковиќ (21), Далибор Димитриевиќ (20) и малолетниот В.М. се момчињата монструми уапсени поради сомнение дека брутално ја тепале и силувале 16-годишната девојка.

Тројцата силувачи и девојчето кое било на гости кај нејзината мајка во Варварин, заедно седеле во селската кафеана во Обреж.

 

Околу полноќ девојката тргнала дома со својот пријател. Во тој момент Д.Д. им понудил превоз и откако го оставил нејзиниот пријател дома, Д.Д. ја однел девојката на сред поле каде ја силувал, по што ја вратил назад.

Девојчето таму се пожалило на пријателите на Д.Д. дека била силувана од негова страна, на што тие одговориле дека „штом можела со Д.Д. може и со нив“. 

Насила ја качиле во автомобилот носејќи ја во една напуштена куќа каде ја силувале и тепале нанесувајќи и сериозни повреди.

 

Силувачите биле уапсени во понеделникот, освен малолетниот В.М. кој бил испратен во поправен дом. 

11.09.2014 - 13:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега