Апсење во Велес: Падна полицаец

34-годишниот Е.Н. од Велес бил сопственик на камионот полн со илегалци од кој побегнал откако имал сообраќајка кај селото Романовце минатиот месец. Како што пишува Дневник, тој бил поранешен полицаец вмешан во случајот „Франкфуртска мафија“ за што издржувал казна затвор од три години во Германија, а вмешан е и во многу други дела.

Полицијата го откри камионот во кој имало илегалци од Нигерија и Сирија оставен на патот откако сите преживеале сообраќајна несреќа. Возачот се исплашил и побегнал, а само мал дел од илегалците останал на местото мислејќи дека некој ќе ги земе и однесе на дестинацијата за која платиле. Илегалците во полициска станица рекле дека во камионот имало 50-ина мигрантити и кога се случила сообраќајката, другите побегнале заедно со возачот.

Едната група, од дваесетина мигранти, од Нигерија преку Бугарија допатувале во Србија и за околу 400 евра од човек требало да бидат пренесени во Италија. Другите, пак, од Сирија дошле до Грција, па во Македонија и требало за околу 850 евра од човек да стигнат до Србија.

12.09.2014 - 10:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега