Велешанец фалсификувал потписи и крадел пари

СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето М.А.(37) од Велес, овластено лице на фирмата „Сердар Капидан“ ДООЕЛ општина Велес.

Тој доби кривична поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и „фалсификување исправа“.

Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба како книговодител на фирмата „Блатон“ од Велес, со намера да се стекне со противправна имотна корист во пет наврати го фалсификувал потписот од овластеното лице на „Блатон“, при што од сметката на фирмата со фалсификувани документи префрлил пари на две различни сметки во износ од 63.560 денари.     

12.09.2014 - 11:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега