Грците не запираат - уште еден Македонец се врати со оштетено возило

Уште еден случај на оштетено возило на македонски државјанин во Грција е пријавен синоќа на граничниот премин „Стар Дојран“.

Случајот е пријавен од страна на скопјанецот Т.Д. чие возило „форд ескорт“ било оштетено во средата во Неа Каликратија. Било искршено задното стакло од десната страна на возилото.

- Со овој нов случај на оштетувања,  бројката на оштетени возила годинава достигна вкупно шест, а досега се регистрирани и тринаесет кражби на регистарски таблички со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Грција, се наведува во соопштението на МВР.

12.09.2014 - 11:13
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега