Уште еден Македонец загина во Ирак

Уште еден Македонец загина борејќи се во Ирак. Се работи за 28-годишниот Месуд Мусли од СКопје кој завчера бил убиен во престрелка во градот Бастра. Како што јавува Канал 5, неофицијално Македонецот бил следбеник на џихадистите и често пати престојувал во Германија. 

За Канал5 од МВР велат дека по последното излегување на Мусли од земјава, не е регистрирано негово враќање назад.

Тој е десеттиот македонски државјанин кој загина на боиштата во Ирак и Сирија.

12.09.2014 - 14:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега