Две сообраќајки во Тетово - двајца во болница

Две сообраќајки со повредени  моторциклист и велосипедист се случиле за изминатите 24 часа на булеварот „Илинденска“ во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека една од сообраќајките се случила денеска околу 10:40 часот во непосредна близина на Државниот тетовски универзитет во Тетово. Во неа учествувале товарно возило „рено канго“ со тетовски таблички, управувано од З.А.(22)  и моторцикл „хонда“ со бугарски таблици, управуван од Џ.Џ.(18).

- Моторциклистот се здобил со телесни повреди и пренесен е во тетовската Клиничка болница каде лекарите констатирале посериозни повреди  и најверојатно тој ќе биде задржан на натамошно лекување. Според првичните информации, причина за сообраќајката е недавање првенство од товарното возило а вкупната материјална штета се проценува на околу 30 илјади денари, рече Јосифовски.

Втората сообраќајка се случила вчера околу 8:30 часот на крстосницата на улицата „Илинденска“ и таканаречената Брвеничка кривина во Тетово. 

Според полицијата, сообраќајката се случила меѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички, управувано од Х.И.(55) од Гајре и велосипедист В.К.(52) од Тетово. Велосипедистот се здобил со телесни повреди и е пренесен во тетовската болница, а по укажаната помош пуштен е на домашно лекување. Според првичните информации од увидот, причина за судирот е непочитување на светлосните знаци на крстосницата од велосипедистот.

Податоците на полицијата покажуваат дека на булеварот „Илинденска“ во Тетово годинава се случиле седумдесетина сообраќајни несреќи.

12.09.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега