Драма во автобус во Ченто: Влегле и ги претепале со безбол палки

Во еден часот по полноќ се одвивала вистинска драма во автобус со број 65 во населбата Ченто. Неколку непознати лица маскирани со фантомки на главите и со безбол палки физички ги нападнале 21-годишниот Ф.Г. и четири години постариот С.Р. од Скопје. Откако насилниците ги претепале младите момчиња, возачот го запрел автобусот и ги отворил вратите, по што повредените со трчање избегале од местото на настанот.

 

13.09.2014 - 13:21


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега