Филмска бркотница во Радовиш - еве што направило младо момче

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот во Радовиш на крстосницата од улиците „22-ри Октомври“ и „Партизанска“, двајца полициски службеници се обиделе да запрат моторцикл “Skygo“ без регистарски ознаки, управуван од страна на 25-годишниот Ф.Ј. со кој бил и 28-годишниот И.М. Возачот на моторциклот не застанал  и покрај наредбите на полицијата, а по неколку минути го запрел моторциклот и заедно со сопатникот почнал да бега. При обидот од страна на полицијата да го приведат И.М, истиот со рака го удрил едниот полициски службеник во пределот на лицето, нанесувајќи му телесна повреда  и успеал да побегне.

Еден од полицајците од службениот пиштол испукал два предупредувачки куршуми, но насилниците успеале да избегаат. Околу 17 часот и 15 минути во ЈЗУ Радовиш, за укажување лекарска помош се пријавил И.М, кој имал прострелна рана од огнено оружје, во пределот на десната надколеница, по што е упатен во Клинички центар Штип, каде е задржан за понатамошно лекување. 

 

13.09.2014 - 13:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега