Што се случувало вчера на улиците во Скопје?

Девет сообраќајки се случиле во изминатите 24 часа на територијата на Скопје. 

Една од незгодите се случила вчера во 11 часот и 30 минути на споредната улица од зграда со број 56 и 60 од булеварот АСНОМ, кога велосипедист од Скопје изгубил контрола врз велосипедот и паднал на коловозот.

Во седум сообраќајни незгоди со полесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, двајца пешаци, двајца велосипедисти и двајца возачи на мопед. Регистрирана е и една сообраќајна незгода со последица материјална штета и уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во основното училиште „Коле Неделковски“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Утре од 11 до 11 часот и 30 минути по повод Денот на Општината Ѓорче Петров – 20 Септември ќе се одржи традиционален крос со ученици од основните училишта од општината. Стартот ќе биде од ОУ „Мирче Ацев“ на ул. „4 Јули“, во продолжение по ул. „Финска“ преку ул. „Македонска војска“ по земјената патека која води до целта во средишниот дел на паркот пред споменикот „Ѓорче Петров“. За време на одвивање на оваа манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за физичко регулирање на сообраќајот, а доколку има потреба сообраќајот ќе биде и пренасочен. 

19.09.2014 - 09:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега