Проверете дали утре ќе останете без струја

Корисниците од улицата „Киро Фетак“ во општина Кисела Вода утре од 8 до 16 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 9:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улица „Македонија“ број 37 и 39 и улица „Вељко Влаховиќ“ број 5 и 21 во општина Центар, а од 9 до 15 часот и корисниците од улиците  „Диме Мечето“ и „Волт Дизни“ во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 9:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Рашче, а од 9 до 15 часот подулиците „1“, „2“, „3“, „4“ и „5“ во село Грчец.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот  од страна на ЕВН Македонија АД. 

21.09.2014 - 15:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега