Биткотинот е нелегален за плаќање во Македонија

 

И покрај тоа што во светот се повеќе е прифатена како валута со која може да се тргува, биткоинот во Македонија, па и во регионот е нелегална. 

Надлежните ги предупредуваат граѓаните дека е премногу ризична за граѓаните, и дека сите кои сакаат да штедат тоа да го направат преку други традиционални инструменти. 

- Биткоинот е многу ризична ткн. валута и не ги охрабруваме граѓаните да инвестираат во тоа. Се уште сметаме дека тоа е шпекулација, бидејќи ако вредноста на кое било финансиско средство се зголемува толку многу очигледно тука има шпекулација. Биткоинот стартуваше со вредност од еден долар, а за кратко време достигна 1.000 долари, вели гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов.

Богов вели дека и во минатото имало голем број на случаи и потсети на пример во Холандија за вредноста на лалињата кои за кратко време достигнале огромен пораст на цената меѓутоа на крајот многу луѓе загубиле.

- Биткоинот е шпекулација и јас како гувернер мора да ги предупредам граѓаните дека инвестирањето во биткоинот е многу ризично, вели Богов и порача дека оние кои сакаат сигурно штедење имаат многу потрадиционални инструменти.

Биткоинот не е валута која е во циркулација во Македонија и појасни дека секое плаќање со средство кое не е легално за плаќање ќе подлежи на законски санкции.

- Во Македонија легално средства за плаќање е само денарот и секое плаќање во друга валута потпаѓа под законската регулатива, истакна Богов.

29.09.2014 - 14:31

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега