Хаос во Скопје - што се случувало на скопските улици?

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца патници во автобус.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, шест возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 28 возачи кои го управувале своето возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

За денеска има најава за вонреден настан. Со почеток во 20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен натпревар во кошарка помеѓу КК МЗТ од Скопје и КК Задар од Република Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

07.10.2014 - 09:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега