ФОТО: „Боемска улица“ на Жерновски стана јавно паркиралиште

Како што може да се забележи на сликата, автомобили се паркираат на пешачката зона на “Боемска улица”. Случајните минувачи можат да забележат дека на влезот од улицата кој е затворен со ланец, стои човек кој регулира кој смее да влезе со автомобил на “Боемска улица”.

Граѓаните се прашуваат дали улица за која се потрошени близу половина милион евра е во ред да се користи како паркиралиште, која што и самиот Жерновски неколку пати посочи дека ќе биде затворена за автомобили и ќе биде пешачка зона. Граѓаните се свесни доколку улицата продолжи и понатаму да служи како паркиралиште за автомобили, општината ќе биде принудена да ја реконструира и додатно да потроши одредена сума на пари, пишува Курир.

Улицата сама по себе крена голема врева кај граѓаните на Општина Центар, бидејќи општината ја чинеше близу половина милион евра, ако се земе во предвид малата квадратура на улицата и поплочувањето со старите плочи, а притоа општината не може да овозможи средства за изградба на ветената градинка во Капиштец од страна на градоначалникот Жерновски.

07.10.2014 - 14:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега