МАНУ ќе одбележи 47 години постоење

Македонската академија на науките и уметностите ќе одбележи 47 години од основањето (1967-2014). По тој повод ќе се обрати претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски и ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“.

Добитници се Златко Крамариќ од Хрватска - за посебен придонес во афирмирањето на македонскиот јазик, литература и култура на хрватскиот и поширокиот културен простор, и проф. д-р Ирена Савицка од Полска - за посебен придонес за научни резултати во истражувањето на звучниот систем на македонскиот јазик и неговото место меѓу системите на другите словенски и балкански јазици.

Предавање ќе има и академик Глигор Јовановски, на тема „Кристалографијата од ерата на Лауе и Брег до денешни дни“ и ќе биде отворена Збирка минерали од Република Македонија. 

Годишнината ќе биде одбележана и со изложба на подарените портрет-карикатури од Дарко Марковиќ „Луѓето од мојата младост“. 

10.10.2014 - 09:18


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега