Свечена академија за 11 Октомври

Во Македонскиот народен театар вечер ќе се одржи Свечена академија по повод Денот на народното востание 11 Октомври, на која ќе се обрати нејзиниот покровител, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

По повод Денот на народното востание, шефот на државата денеска со „Орден за заслуги за Македонија“ ќе го  одликува  Петар Иваноски-Тиквар, истакнат деец, борец на македонското националноослободително движење и учесник на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

Орденот ќе му биде доделен за исклучителниот придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава. 

10.10.2014 - 09:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега