Меѓународен конгрес на стоматолози

Во Домот на АРМ денеска ќе се одржи 7. Конгрес на нови технологии „Естетска стоматологија - уметност и наука“.

Покровител и коорганизатор е Стоматолошката комора на Македонија со Хрватската комора на дентална медицина, Стоматолошката комора на БиХ и Здравнишката комора на Словенија.

Во рамки на конгресот ќе се одржат повеќе работилници и предавања за нови дентални материјали. Докторите по дентална медицина ќе имаат можност да ја посетат и изложбата на дентални материјали на која ќе учествуваат реномирани фирми од државата и од регионот. 

Оваа меѓународна конгресна активност по дентална медицина традиционално се одржува од 2009 година, а нејзин прв домаќин (како земја членка на К4 групата на комори), е Стоматолошката комора на Македонија. 

10.10.2014 - 10:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега