Кои биле последните зборови на исчезнатата Дениса?

„Одам до тоалет и ќе си легнам“. Ова биле последните зборови на Дениса Маркоска пред од неа да нема ниту трага ниту глас. Ова за Алфа го тврди член на семејството на прилепчанката која исчезна на 12 септември.

Дениса била облечена во пижами и патики. По  разговорот рекла дека сака да си легне, но пред тоа ќе оди во тоалет, но од тогаш повеќе  никој не видел. Капетанот на екипажот  дури утротo увиделе дека девојката не е на бродот. Најверојатно поради тоа одговорните дури тогаш, со доцнење го пријавил исчезнувањето.

Истрагата е се уште во тек.

10.10.2014 - 11:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега