Врботените и гостите во хотелот кај Мавровка најмалку три дена во карантин

Персоналот, вработени и гости во хотелот "Супер 8″ во карантин најмалку 3 дена. Ќе бидат затворени и под лекарски и епидемиолошки надзор се до добивање на резултатите од лабораторијата во Франкфурт кои треба да покажат дали починатиот англичанец кој бил гостин во хотелот има ебола или друго заболување.

Како што велат епидемиолози за zdravstvo24.mk, карантинот е според меѓународните протоколи и може да биде и продолжен во зависност од резултатите. Доколку е некој вид хеморагична треска, персоналот и гостите ќе бидат под надзор се до инкубацискиот период на болеста.

Во меѓувреме, во хотелот се уште е присутен епидемиолог од скопскиот центар за јавно здравје кој детално од секој член прави епидемиолошка анкета. Пред два часа е направена и целосна дезинфекција на просторот како и на некои објекти во близина на хотелот.

Потребните дезинфекциски мерки се направени и на Клиниката за Инфективни болести како и на возилото од Брза Помош.

Според инфомрациите  англичаните биле бизнисмени и во земјата биле поради бизнис интереси. Засега е нејасно зошто веќе починатиот не побарал лекарска помош имајќи предвид дека три дена имал стомачни болки и одбивал храна.

Надлежните смируваат дека нема простор за паника и дека иако се третира како сомнителен на ебола поради брзата прогресирачка смрт и внатрешното крварење, и други вирусни заболувања можат да дадат ваква клиничка слика. Бидејќи користел алкохол по големи количини на алкохол, одбукцијата ќе покаже во каква состојба бил црниот дроб на починатиот.

Денеска, како што предвидува протоколот за вакви заболувања, земениот материјал за анализа ќе биде веднаш ставен и затворен во посебни кутии и пратен во лабораторијата во Германија.

10.10.2014 - 11:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега