Нема нов случај со слични симптоми на ебола

Од вчера и во текот на денешниот ден не е пријавен друг случај со слични симптоми на ебола. Ова денеска го изјави раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита, Јованка Костовска.

Телото на починатиот со слични симптоми на ебола е ставено во специјален лимен сандак во посебна просторија, која е дезинфицирана. Засега во хотелот постојано има медицински надзор, се разговара со сите 25 луѓе во карантинот и се следи нивната здравствена состојба.

Лекарите кои го донеле пациентот од хотелот исто така се под надзор на Клиниката за инфективни болести и станува збор за околу десетина медицински лица.

10.10.2014 - 11:51


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега