Завршена проценката на штетите од поплавите во Атина
Денеска треба да почне исплатата на околу еден милион евра за штетите кои беа предизвикани од поплавите во областа Атика во петокот.
Грчката Противпожарна служба соопшти дека завршила со проценка на штетите во неколку населби во Атина и резултатите ги испратила во Министерството за внатрешни работи. При проценката е утврдено дека во 25 општини се оштетени 580 имоти и 168 автомобили.
Се очекува Министерството за внарешни работи денеска официјално да објави дека почнува компензацијата за жртвите од поплавите. Сопствениците на оштетените домови ќе добијат од 1.174 до 5.869 евра за поправки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа