Полицаец влегол на стадион во Скопје среде фудбалски натпревар и претепал еден играч

Вчера околу 11.00 часот во Скопје на стадионот во Нова Колонија, при одигрување на фудбалски натпревар помеѓу ФК„Колонија“ и ФК„Инџиково“, бил нарушен јавниот ред и мир со насилство и недостојно однесување од страна на Н.С.(23) од Скопје вработен во МВР на Република Македонија. Н.С. влегол на фудбалскиот терен и физички нападнал еден од играчите, удирајќи го со тупаница, а потоа побегнал. Известен е Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и по целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок.

03.11.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега