Голема тепачка во автобус на ЈСП

Уште една тепачка во автобус на ЈСП. Вчера попладне, две групи малолетници се пресметале во градски автобус со број „64“, при што неколкумина од нив се здобиле со телесни повреди.

Тепачката се случила во 14 часот и 20 минути на булеварот „Партизански одреди“ каде што поради претходна расправија, настанала тепачка во која учествувале девет лица на возраст од 15 до 20 години. Тинејџерите си размениле боксови и клоци, а во тепачката четири лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Против сите учесници во тепачката ќе биде поднесена прекршочна пријава.

05.11.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега