Луначек за прием на Косово во ОН

 

 

Потпретседателот на Европскиот парламент Улрике Луначек се надева дека Косово наскоро ќе биде примено во различните институции на Обединетите нации, како и во светската организација, нагласувајќи дека земјите-членки кои досега не ја признале косовската независност треба да го сторат тоа.

Таа во видео-порака прикажана на собирот „Мултилатерална дипломатија, можности и предизвици за членството на Косово во меѓународните организации“ во Виена изјави дека за жал постојат проблеми во Косово.

Луначек истакна дека би сакала веќе да биде формирана влада по изборите одржани пред речиси половина година.

Таа укажа и дека постојат проблеми и во врска со ЕУЛЕКС и оти обвиненијата поврзани со корупцијата се тема и во ЕП.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега