Бугарија е држава со најзагаден воздух во Европа

Mеѓу државите-членки на Европската агенција за животна средина (EEA), најзагаден со честички прав помали од 10 микрона e воздухот во Бугарија, се наведува во последниот годишен извештај на оваа организација. 

Најзагадени градови во Бугарија се Перник, Димитровград, Видин и Пловдив. Веднаш по Бугарија на листата на најзагадени земји следуваат Полска и Словачка, јавува БТА.

Процентот на населението во Бугарија изложено на овие честички, кои важат за најсериозен загадувач во Европа, изнесува речиси 90 отсто и е значително над европскиот просек од 38 отсто.

Апоред ЕЕА причините за зголеменото ниво на овие честички во Бугарија се сообраќајните и индустриските активности, како и загадените и лошо одржувани коловози. Дополнително за загадувањето придонесуваат и променетите климатски услови и намалениот обем на ветрови. 

Членки на Европската агенција за животна средина (EEA) се државите од ЕУ, земјите од Западен Балкан - Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гота, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција и Швајцарија.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 20:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега