Турција во октомври ја посетиле 3,4 милиони туристи

 

 

 

Според податоците на Генералната дирекција за безбедност на Турција вкупно три милиони 439 илјади и 554 странски туристи ја посетиле земјата во месец октомври годинава, што претставува раст од 1,09 проценти во однос на истиот период минатата година. 

Од вкупната бројка туристи, околу 247 илјади биле еднодневни посетители. 

Во периодот јануари-октомври 2014 година вкупно 33.528.056 туристи ја посетиле Турција, што во споредба на истиот период 2013 година е раст од 5,57 отсто. 

Најголем број туристи во октомври се од Германија, Велика Британија, Русија, Бугарија и Грузија.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега