Хрватскиот Сабор расправа за декларација за Шешељ

 

 

 

 

Хрватскиот сабор на денешниот дневен ред ја стави предлог-декларацијата за Воислав Шешељ, која ја усогласија пратеничките групи, јави Танјуг.

Пратениците се очекува да ја усвојат декларацијата, со која се осудува пуштање на Шешељ од хашкиот притвор и неговите јавни настапи, за да на време стигне во Европскиот парламент, кој утре одлучува за својата резолуција за Шешељ, исто така на иницијатива на хрватски европарламентарци.

Претседателот на Саборот Јосип Леко предложи декларацијата да се прочита, веднаш да се усвои и објави, но некои пратеници, пред се од ХДЗ, сакаат да разгледаат и можност за собраниска расправа за Шешељ.

Пратеничките групи на хрватскиот Сабор го усогласија вчера текстот на декларацијата со која се осудува пуштање од хашкиот притвор на Воислав Шешељ и се бара повлекување на одлуката.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега