Рудари спасија новороденче во замрзнатиот Мајданпек

Силно невреме проследно со силен ветер во Србија  предизвика вистински хаос  на далекуводот кој напојува три трафостаници за снабдување на општината Мајданпек со струја. Сите надлежни се обидуваат да спречат поголема катастрофа.

Во тој ужас, во гинекологијата кое исто така остана без струја, на свет дојде едно бебе. За среќа, рудникот за бакар го отстапил агрегатот за да се обезбеди греење за новороденчето.

Знаејќи дека поради прекинот на струјата градот се најде во голема неволја, на веста дека во болницата  во Мајданпек се роди бебе кое требаше својата прва ноќ да ја помине во мрак и во студена соба, рударите испратија агрегат со кој овозможија во собата на мајката Јелена С. (32) и нејзината тукушто родено девојче да и работи греалката и да свети и сијалица, изјавија од рудникот.

 

Во градот денеска има вонредна состојба. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега