Седница во Советот на безбедност на ОН за Косово

Денеска Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница посветена на ситуацијата во Косово.

 

На седницата ќе присуствуваат српскиот и косовскиот премиер Александар Вучиќ и Хашим Тачи. 

 

Шефот на УНМИК Фарид Зариф на седницата на СБ на ОН ќе поднесе редовен тримесечен извештај до Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за ситуацијата во Косово. 

Седницата на СБ на ОН првично беше предвидена да се одржи на 13 ноември. 

Во најновиот извештај Генералниот секретар на ОН изрази загриженост поради политичкиот застој во Приштина и ги повика косовските лидери да ги зголемат напорите за изнаоѓање решение и што побрзо да продолжи дијалогот со Белград. 

 

Бан нагласи дека сеагшната генерација лидери мора да продолжи со историскиот процес на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, да го прифати минатото и ги искористи можностите што ги нуди Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега