Намалени цените на угостителските услуги
Цените на угостителските услуги во 2014 година во однос на 2013, се намалени за 0,6 проценти.
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, во декември споредено со ноември лани, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,1 процент.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 0,1 процент, „алкохолни пијалоци“ за 0,1 процент и „безалкохолни пијаоаци“ за 0,4 проценти.
Цените на угостителските услуги во декември 2014 година во однос на истиот месец од 2013 година, се зголемени за 0,8 проценти.
Оцени ја веста
05.01.2015 - 13:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа