Кемал Монтено остави безвременски хит на македонската музчика ризнициа

Кемал Монтено, легендарниот босански музичар и кант-автор почина денеска во 11 часот во Загреб на 67 годишна возраст. Информацијата за босанките медиуми ја потврдиле синот на Монтено и неговиот голем пријател Халид Беслиќ.

Сараевскиот кантавтор на средината од декември направи трансплатација на бубрегот. По повеќегодишно чекање тој беше опериран во Загреб, а пред Божик доби висока температура.
Наместо во Шпанија каде што треваше да отпатува на краток одмор и настап за Нова Година, Кемал ги спакува куферите и замина во болница.

Пред неколку дена тој ја напуштил болницата и изјавилдека супер се чувстувва. Меѓутоа, отрово повторно бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата КБЦ во Загреб со силно восплаение на белите дробови. Хрватските медиуми пренесуваат дека познатиот музичар бил на респиратор но за жал, немал доволно сила за да преживее.

Тој со години се борел со дијабетесот порадиш што му страдаа бубрезите. По три години во одделението за дијализа, крајот на минатата година доби трансплатација на бубрег. Пред две години, поради проблеми со срцето му бил вграден и бај-пас.
И покрај проблемите со здравјето, тој редовно настапуваше.
Последните денови од својот живот ги помина болница.
Веста за изненадната смрт го потресе регионот и неговите фанови.

 

 

На македонската музичка ризница Монтено и го остави безвременскиот хит „Кој да ти каже Ивана“ 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега