Депозитите во банките 286.028 милиони денари - кредитите 255.554
Граѓаните и фирмите во банките и штедилниците на крајот на 2014 годината чувале 286.028 милиони денари. Од нив депозити во денари биле 170.521 милион, а во странски валути 115.507 милиони денари.
Според податоците на Народната банка на Република Македонија, домаќинствата односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд, во банките и штедилниците имале депозити во износ од 203.607 милиони денари, од кои во денари се 106.398 милиони, а во странска валута 97.272 милиони денари.
На крајот на минатата година вредноста на кредитите изнесува 255.554 милиони денари. Во денари се 199.143 милиони, а во валута 56.412 милиони денари.
Задолжувањето на домаќинствата односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд изнесува 107.070 милиони денари, од кои 100.743 милиони се во денари, а 6.327 милиони во странска валута.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа