На протестите во Приштина повредени 19 полицајци

Во вчерашните протести, кои доцна попладнето ескалираа со насилство, повредени се најмалку 19 полицајци и двајца цивили, а уапсени се повеќе лица, меѓу нив најмногу членови на Движењето „Самоопределување“.

Меѓу оние кои насилно се однесувале, според косовските медиуми, бил и лидерот на „Самоопределување“, а членови на движењето освен пред зградата на Владата продолжиле да дивеат и врз трговски и угостителски објекти, за на крај насилството да го завршат со напад врз амбасадата на Црна Гора, каде е предизвикана поголема материјална штета.

Првичната проценка за предизвиката материјална штета само врз зградата на Владата изнесува над 200 илјади евра. 

Претседателката Атифете Јахјага реагираше во врска со протестите организирани од „Самоопределување“ и организацијата „Повик на мајките“. Таа го осуди вандалското однесување на „една мала група демонстранти“ и побара од организаторите да се дистанцираат од толпата која ја нападнала полицијата, институциите и бизнисот во Приштина. 

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега