Голема трагедија: Мртва жена пронајдена во автомобил - сопругот обесен на дрво до неа

Утрово околу 10 часот полицијата од Ваљево пронајде две безживотни тела во близина на селото Мионице.

Според првичните информации во автомобил марка „фијат“ прво било пронајдено безживотното тело на 31-годишната М.П, а недалеку од неа полицијата го пронашла и телото на нејзиниот сопруг 31-годишниот А.П., обесено на дрво.

Стравичната глетка ја затекле инспекторите откако дошле на местото по претходна дојава од граѓанин.

Како што јавува Ало.рс, најверојатно станува збор за убиство и самоубиство.

Истрагата е во тек.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега