Почина потпретседателката на бугарскиот Парламент Росица Јанакиева

Синоќа почина Росица Јанакиева, потпретседателот на бугарскиот Парламент и пратеник од Перник, јави БТА.

Таа е родена на 7 јули 1954 година во Перник. Дипломирала хемија на унивeрзитетот „Свети Климент Охридски“. Почнала да работи како технолог во фабриката „Пектин“ и била директор на окружниот младински дом и експерт за енергетика во пернишката „Топлификација“.

Од 1995 до 2005 година таа беше градоначалник на најголемата пернишка општина Исток, а во два мандати беше и градоначалник на Перник. 

Јанакиeва беше пратеник во 40. Народно собрание од редовите на Бугарската социјалистичка партија.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега